Merve Berker
31 Мај 2022•Ажурирај: 01 Јуни 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украинските вооружени сили соопшти дека од почетокот на војната во таа земја загинале најмалку 30.500 руски војници, од кои 150 во последните 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Русија започна напад врз Украина на 24 февруари, а во соопштението на Генералштабот на украинската Армија се наведува дека нивните сили ѝ нанесуваат големи загуби на руската Армија.
Во соопштението се наведува дека украинските сили од почетокот на војната уништиле 208 руски авиони, 174 хеликоптери, 1.358 тенкови, 3.302 оклопни возила, 649 парчиња артилерија, 207 ракетни фрлачи и 93 системи за противвоздушна одбрана.
Русија исто така загуби 2.275 возила, 13 бродови и чамци и 515 беспилотни летала заедно со 120 крстаречки ракети, се додава во соопштението.
Русија тврди дека бројот на загинати војници е значително помал од украинскиот.
Најмалку 4.074 цивили се убиени, а 4.826 се ранети во Украина од почетокот на војната на 24 февруари, проценуваат Обединетите нации (ОН). Во исто време, повеќе од 6,7 милиони луѓе побегнале во други земји, додека повеќе од 7,7 милиони се внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН.