Islam Uddin
31 Мај 2022•Ажурирај: 31 Мај 2022
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистан денес испрати втора серија хуманитарна помош за воено разурната Украина, изјави официјален претставник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Авион C-130 полета за Варшава, Полска, превезувајќи 7,5 тони помош, вклучувајќи електромедицинска опрема, шатори, ќебиња, прехранбени производи и други предмети за човечки потреби, изјави претставник на Националната управа за управување со катастрофи.
Третата пратка хуманитарна помош се очекува да биде испратена во четврток.
Во март, Исламабад преку Полска ја испрати својата прва хуманитарна помош која вклучуваше лекови, електромедицинска опрема, ќебиња, храна и други предмети.
Најмалку 4.074 цивили се убиени, а 4.826 други се повредени во Украина откако Русија започна војна против својот сосед на 24 февруари, проценуваат ОН. Се стравува дека вистинскиот биланс е многу поголем.
Над 6,7 милиони луѓе побегнале во други земји, додека повеќе од 7,7 милиони се внатрешно раселени, информира Агенцијата за бегалци на ОН.