Dmitri Chirciu
17 Ноември 2022•Ажурирај: 18 Ноември 2022
КИЕВ (АА) - Министерот за инфраструктура на Украина, Олександр Кубраков, истакна дека одлуката за продолжување на Договорот за испорака на жито за уште 120 дена е донесена во Истанбул и дека Обединетите нации (ОН) и Туркије ќе продолжат да бидат гаранти на спроведувањето на договорот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кубраков објави соопштение на социјалните мрежи во врска со Договорот за испорака на жито постигнат на 22 јули меѓу Туркије, Украина, Русија и ОН.
Потсетувајќи дека овој договор е продолжен за 120 дена, Кубраков рече: „Оваа одлука е донесена во Истанбул. ОН и Туркије ќе продолжат да бидат гаранти на спроведување на Договорот за жито.“
Кубраков истакна дека во рамки на договорот, Украина досега во 38 земји извезла 11 милиони тони земјоделски производи.
Но според него, ова не е доволно, и посочи дека треба да се искористи целиот потенцијал за извоз што го имаат украинските пристаништа.
„На нашите партнери им предложивме договорот да се продолжи за најмалку една година и во него да биде вклучено и пристаништето во Миколаив. Чекаме одговор“, истакна Кубраков.