Talha Yavuz
18 Јануари 2022•Ажурирај: 19 Јануари 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател, Владимир Зеленски изјави дека Русија бара изговори за да ги зголеми тензиите под превезот на заштита на руските граѓани со продолжувањето со издавање пасоши на „привремено окупираните територии“ на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Владимир Зеленски, во главниот град Киев се сретна со делегација на американски сенатори меѓу кои Ејми Клобучар, Роберт Портман, Крис Марфи, Џин Шахин, Ричард Блументал и Роџер Викер, се вели во соопштението на украинското Претседателство.
За време на средбата, Зеленски му се заблагодарил на американскиот Конгрес за солидарноста со украинскиот народ бидејќи неговата земја се соочува со безбедносни предизвици.
Информирајќи ја делегацијата за безбедносната ситуација на границите на Украина, Зеленски ја истакна потребата од подготовка на превентивен пакет санкции против Русија.
Американските сенатори ја изразија и својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, нагласувајќи дека земјата има право самостојно да избира начини за осигурување на сопствената безбедност.
Русија, Украина и НАТО ги засилија воените вежби бидејќи тензиите се интензивираат во последните недели, при што Киев отворено ја обвини Москва дека планира инвазија.
Руските сили влегоа на Полуостровот Крим во февруари 2014 година, по што следниот месец претседателот Владимир Путин формално го подели регионот на два посебни федерални субјекти на Руската Федерација.
Турција и САД, како и Генералното собрание на ОН ја сметаат анексијата е нелегална.
Според ОН, во борбите меѓу украинските владини сили и проруските сепаратисти во источниот украински регион Донбас од 2014 година загинале над 13.000 луѓе.