Jeyhun Aliyev
05 Март 2022•Ажурирај: 06 Март 2022
КИЕВ (АА) - Украинските сили собориле хеликоптер на руската Армија, соопшти денес Министерството за одбрана на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На објавата на Министерството на Твитер се гледа како хеликоптер што лета над поле е соборен.
По нападот хеликоптерот се запалил, по што следи голема експлозија.
„Вака гинат руските окупатори. Овој пат во хеликоптер! Слава на Украина и нејзините бранители! Заедно до победата!“, се наведува во објавата на Твитер.
Војната на Русија против Украина беше дочекана со гнев од меѓународната заедница, при што ЕУ, Велика Британија и САД, меѓу останатите земји, воведоа низа економски санкции кон Русија.
Според податоците на ОН, најмалку 331 цивил се убиени, а 675 се повредени во Украина од почетокот на руските напади.
Над 1,2 милиони луѓе пребегаа од Украина во соседните земји, според Агенцијата за бегалци на Обединетите нации.