Mehmet Yılmaz
16 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
БУДИМПЕШТА (АА) - Во последните три дена во Унгарија спречен е влезот на 89 бегалци кои по илегални патишта се обиделе да влезат во оваа земја, членка на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот на националната полиција на Унгарија објави вест во која се вели дека меѓу 2 и 8 октомври во Унгарија не им е дозволен влез на 192 бегалци, додека од 9 до 15 октомври на 148 бегалци.
Во последните три дена спречени се 89 бегалци кои по илегални патишта сакале да влезат во Унгарија.
Унгарија, како една од земјите од Вишеградската група, во соработка со Полска, Чешка и Словачка, изврши испраќање на дополнителни воени и полициски сили на границите со цел да се спречи влез на бегалците во земјата. Унгарија за да го спречи бегалскиот тек, на границата со Србија и Хрватска постави жичана ограда, и прогласувајќи вонредна состојба во пограничните зони ги зголеми казните за илегално минување на границата.
Унгарскиот парламент на 7 март го усвои законот според кој бегалците, меѓу кои и децата, за време на периодот на барање азил задолжително да бидат сместени во камповите на границата, додека бегалците кои ќе бидат фатени на територијата на Унгарија да бидат депортирани од земјата.
Невладините организации ги обвинуваат безбедносните сили на Унгарија дека бегалците кои сакаат да влезат во земјата со присила ги враќаат во Србија.