Hajer M'tırı
23 Април 2018•Ажурирај: 24 Април 2018
ПАРИЗ (АА) - Египетскиот фоторепортер Махмуд Ебу Зеид, попознат како Шавкан, денес ја доби наградата „Гилермо Кано“ за придонес кон слободата на медиумите на УНЕСКО за 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Шавкан беше уапсен во 2013 година кога известуваше од протестите кои избувнаа поради соборувањето од власт на Мухамед Морси, привиот демократски избран претседтел на Египет.
„Го избравме Махмуд Ебу Зеид затоа што сакаме да оддадеме почит на неговата храброст, отпор и посветеност на слободата на изразување“, изјави Марија Реса, челник на независното меѓународно жири на медиумски професионалци кои ги избира добитниците.
По поминати повеќе од четири години во египетски затвор, наградениот фоторепортер, кој сега има 31 година, се соочува со можна смртна казна.
Надлежните групи на ОН претходно го оценија неговото приведување и притворањет како неосновано со кое се кршат правата и слободите загарантирани со Универзалната декларација за човекови права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.
Наградата ќе биде доделена на 3 мај, Светскиот ден на Слободата на медиумите.
Наградата, која го носи називот во чест на Гилермо Кано Исаса, колумбискиот новинар убиен во 1986 година пред канцелариите на неговиот весник во Богота, се доделува на лице, организација или институција што има дадено исклучителен придонес во одбраната или унапредувањето на слободата на печатот, во услови на опасност.