Ekrem Biçeroğlu,Murat Başoğlu
02 Ноември 2023•Ажурирај: 03 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Во израелските напади на Појасот Газа, кој е под блокада, целосно се уништени 52 џамии, јавува Анадолу.
Селме Маруф, шеф на Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа, изјави дека 52 џамии се целосно уништени, а 110 се оштетени на различни начини во текот на израелските напади на Појасот Газа. Наведувајќи дека поради интензивните бомбардирања 1,5 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови и да се пријават во центрите за засолнување, Маруф нагласи дека израелските напади предизвикале катастрофа во Газа.
Тој рече дека Израел уништил 82 владини центри, десетици услужни институции и јавни објекти во Газа.
Истакнувајќи дека 212 училишта претрпеле различни степени на оштетување, а 45 училишта не се во функција поради израелските напади, Маруф информираше дека во израелските бомбардирања животот го загубиле 2.510 ученици од различни нивоа на образование.
Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни авионски бомбардирања по нападот што палестинската група Хамас го изведе врз Израел на 7 октомври.
Во израелските напади на Појасот Газа во изминатите 24 часа загинаа 265 Палестинци, со што вкупната бројка се зголеми на 9.061, од кои 3.760 деца, 2.326 жени, а најмалку 32.000 се повредени, објави денес Министерството за здравство на Газа.