Gamze Türkoğlu Oğuz
29 Ноември 2018•Ажурирај: 30 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Локалниот пленум на граѓаните во Вашингтон ја изгласа иницијативата, улицата во која се наоѓа саудиската Амбасада да се преименува по убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Пленумот ја усвои иницијативата, делот на авенијата „Њу Хемпшир“, пред влезот во саудиската Амбасада, да го именува како „Улица на Џамал Кашоги“.
Иницијаторите порачаа дека така сакаат секојдневно да ги потсетуваат Саудијците дека бруталното убиство на новинарот Кашоги е неприфатлив и непростлив чин.
Иницијативата на Локалниот пленум ќе ја разгледа надлежниот Совет на Вашингтон.
Кашоги, новинар и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ убиен е на 2 октомври во зградата на саудискиот Конзулат во Истанбул. Турското обвинителство откри дека Кашоги е задавен веднаш по влегувањето во Конзулатот, а дека неговото тело е исечено на парчиња и уништено.
Властите на Саудиска Арабија потоа признаа дека Кашоги е убиен, а не дека го напуштил Конзулатот, како што првично тврдеа. Истрагата за случајот и понатаму е во тек, со акцент на потрагата по посмртните останки на Кашоги.