Mustafa Keleş
27 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Напаѓачот Арџан Четин (20), кој уби пет лица во трговски центар во сојузната американска држава Вашингтон, ја призна вината, јавува Anadolu Agency (AA).
Четин во округот Скаџит за првпат излезе пред судијата. Тој изјави дека разбира за што е одбвинет и ги прифати обвиненијата. Судот му одреди кауција од два милиони долари.
Тој за секоја жртва ќе добие затворска казна од најмалку дваесет години.
Во судницата присуствуваа и некои членови од семејството, како и мајката на напаѓачот.
Сѐ уште трае истрагата за причината на извршениот напад, а не е отфрлена ниту една можност.
Според податоците со кои располага судот, Четин убиствата ги извршил за 60 секунди.
Тој усмртил девојка во продавница за облека, а потоа и четири возрасни лица на одделот за козметика. Подоцна го оставил оружјето и ја напуштил продавницата.
Неговите пријатели од училиште тврделе дека Четин бил проблематичен, дека се однесувал лошо кон жените и користел непримерни зборови.
Сојузната полиција од Вашингтон речиси 24 часа по нападот соопшти дека Четин и неговото семејство во САД мигрирале од Турција и дека имале дозвола за „легален постојан престој во земјата“.
Американските официјални претставници соопштија дека Четин имал проблеми со законот, дека возел во пијана состојба и вршел семејно насилство.
Четин нападот го извршил на 23 септември, во Берлингтон, кој е 100 километри оддалечен од Сиетл. Усмртил пет лица, од кои четири биле жени.