Ekipa
31 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
МАДРИД (АА) - Уставниот суд на Шпанија соопшти дека ќе отвори истрага против шестмина поранешни членови на владејачкото тело на сега распуштениот каталонски Парламент поради евентуални обвиненија за востание, буна и проневера, по едностраното прогласување независност кон крајот на минатата недела, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меѓу шесте лица, против кои е отворена истрагата, се наоѓа и поранешната пратседателка на регионалниот парламент Карма Форкадел, една од водечките активисти на Каталонското движење за независност веќе низа години.
Одлуката на Уставниот суд пристигна денес, откако шпанскиот државен обвинител, Жозе Мануел Маза, побара покренување на обвинение.
Обвинението за востание, бунт и проневера носи максимална казна затвор од 30 години.
Маза бара и подигнување на слични обвиненија против поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон и неговиот заменик Ориол Жункерас.
Уставниот суд наведе дека случајот ќе го води судијата Пабло Ларена Конде.