Aybala Arpacı
21 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Генералштабот на турската армија започна истрага поврзана со обидот за пуч од страна на терористичката организација Фетулаџи. Особено се истражува персоналот на единиците кои тој ден биле на должност, јавува Anadolu Agency (AA).
Акцијата започна по обидот за пуч организиран од членови на ФЕТО, кои биле дел од персоналот на Турските вооружени сили.
Покрај истрагата која ја отвори Државното обвинителство во Анкара по обидот за пуч, Генералштабот на армијата спроведе истрага во рамките на институцијата.
Покрај откривањето на учесниците во пучот, истрагата треба да открие дали членови од воениот персонал дале или не ја дале својата поддршка на пучистите и да се истражи евентуалната негрижа и запоставување на должноста, особено се истражува персоналот кој таа вечер бил на должност. Се контролира и дали персоналот кој бил на должност таа вечер свесно бил поставен или случајно.
Отстранети фалсификуваните документи
Од друга страна, Генералштабот започна да ги отстранува трагите кои групата членови на ФЕТО ги оставија при обидот за пуч.
Во тие рамки, како прва задача беше остранувањето на фалсификуваните податоците кои учесниците во пучот вечерта и во утринските часови ги поставија на интернет страницата на Генералштабот. Вестите кои беа објавувани во 00:45, 01:20, 03:10 и 06:50 и веста објавена во вечерните часови на 16 јули беа отстранети од сајтот. Со доаѓањето на Началникот на Генералштабот на турската армија Хусули Акар и командантите во седиштето, и направените исправки, интернет страницата беше одново пуштена во употреба.
„Армијата и народот рака за рака"
По обидот за пуч, Началникот на турската армија, армискиот генерал Акар наредил на дигиталното пано во седиштето на Генералштабот да бидат поставена фотографија на знамето на Турција и пораките „Суверенитеот му припаѓа на народот" и „Армијата и народот рака за рака".