Meltem Bulur,Sibel Vezaj
16 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
ПРИШТИНА/АНКАРА (АА) – Од утре до 19 ноември ќе се одржува „Меѓународниот форум за безбедност Халифакс“ во Канада, на кој ќе учествуваат претставници од голем број земји во светот, вклучувајќи ги и Косово, Турција и Србија, пренесува Anadolu Agency (AA).
На овој меѓународен форум, Косово ќе биде претставувано од претседателот Хашим Тачи, кој, како што е најавено од косовското Претседателтство, ќе биде еден од главните говорници на форумот. Од косовското Претседателство велат дека се очекува претседателот Тачи да ги презентира приходите на Косово, како и да реализира различни средби со претставниците на Канада, НАТО и од земјите-учеснички на форумот.
Од друга страна, Србија ќе биде претставувана од страна на раководителот на политичките прашања во Министерството за надворешни работи на Србија, Зоран Вујиќ.
Турскиот министер за Европски прашања и главен преговарач, Омер Челик, и началникот на Генералштабот на Турција, Хулуси Акар, исто така патуваат од Турција со цел да учествуваат на овој форум.
Форумот за безбедност Халифакс е посветен на зајакнувањето на стратешката соработка меѓу демократиите и е познат како собир на демократските лидери ангажирани за глобалната безбедност и просперитет. На форумот учествуваат повеќе од 300 претставници од 70 земји.
Во рамките на овој форум се третираат темите на денешните глобални закани, како војна, тероризам, кибер-напади, климатските промени, безбедноста на ресурсите, пандемиите и економската стабилност.
Форумот се одржува во областа Халифакс во канадскиот град, Нова Скотија.