Ahmet Gençtürk
02 Февруари 2023•Ажурирај: 02 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Првиот Самит ЕУ - Украина од почетокот на руската војна против Украина во февруари минатата година е закажан за утре, јавува Анадолу.
На 24. Самит, чија временска рамка и локација не се соопштени поради безбедносни причини, претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе се сретнат со украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Тоа е прв самит откако Европскиот совет ѝ додели на Украина статус на земја кандидат во јуни.
Тројцата претставници се очекува да разговараат за пристапниот процес на Украина, одговорот на Унијата на војната во Украина, соработката за прашања поврзани со обновата на земјата и помошта, како и во областите на енергетиката и конективноста.
Се очекува да се разгледа и прашањето за глобалната обезбеденост со храна, а на крајот на Самитот ќе биде објавено и заедничко соопштение.
Киев аплицира за членство во ЕУ само неколку дена откако Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина на 24 февруари 2022 година.
ЕУ ѝ пружи голема поддршка на Украина од избивањето на војната, како финансиска, така и воена, и наметна строги санкции кон Русија.