Mücahit Aydemir
26 Март 2023•Ажурирај: 27 Март 2023
АЛ КУДС (ЕРУСАЛИМ) - Фанатични еврејски доселеници влегоа во дворот на џамијата Ал Акса под заштита на израелската полиција, известува Анадолу.
Во соопштението на Управата на исламски фондации Ал Кудс/Ерусалим се наведува дека десетина фанатични еврејски доселеници под заштита на израелските сили упаднале во комплексот Ал Акса.
Еврејските доселеници уште од раните утрински часови влегле во дворот на џамијата Ал Акса низ капијата Ал-Магарибе, а израелските сили ги отстраниле муслиманите кои биле во џамијата по повод месецот Рамазан.
Минувајќи низ дворот на Ал Акса, фанатичните Евреи се обиделе да ги испровоцираат Палестинците кои биле во џамијата.
Фанатичните еврејски доселеници често вршат упади во комплексот Ал Акса.
За муслиманите Ал Акса претставува трето најважно светилиште, а Евреите тврдат дека на тоа место некогаш постоеле два еврејски храма.
Комплексот Ал Акса, што се протега на 15 % од површината на старото јадро на Ал Кудс, се наоѓа под израелска окупација. Тоа е место на соединување на трите најголеми религии во светот.
Израел го окупираше источен Ал Кудс, каде се наоѓа Ал Акса, во текот на арапско-израелската војна во 1967 годин. Израел го анектираше целиот град во 1980 година, а таа постапка меѓународната заедница никогаш не ја призна.