Esra Taşkın, Alaattin Doğru
08 Јуни 2023•Ажурирај: 09 Јуни 2023
ПАРИЗ (АА) - Во францускиот град Анси е извршен напад со нож, при што се повредени 9 лица, од кои 8 деца, пренесува Анадолу.
Според вестите на француските медиуми, едно лице околу 9:45 часот со нож ги нападнало децата во парк во Анси.
Се нагласува дека како резултат на нападот се повредени 9 лица, од кои 8 деца.
Полицијата го приведе напаѓачот, а се вели дека тројца од повредените се во тешка состојба.
Гувернерството на Горна Савоја, каде се случи нападот, упати апел до граѓаните да се држат настрана од местото на настанот.
Француската премиерка Елизабет Борн и министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин се очекува да го посетат местото на нападот.
Дарманин на Твитер објави дека неколку луѓе, меѓу кои и деца, се повредени во нападот што се случи во градот Анси.
Тој рече дека напаѓачот бил брзо приведен.
Од друга страна, францускиот претседател Емануел Макрон во објава на Твитер го опиша нападот како „кукавички“, и рече дека жртви на овој напад се претежно деца.
Макрон рече дека „народот е во шок“ поради нападот.