Yusuf Özcan
10 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
ПАРИЗ (AA) - Во преку 100 градови во Франција се одржани протести против владината политика и актуелниот претседател Емануел Макрон, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите се одржани во организација на најголемиот француски синдикат, Генералната конфедерација за работа (CGT) и здружението „Solidairesa" и „Force ouvrieresa."
На протестите и на собирите учествуваа илјадници граѓани граѓани, вкучувајќи работници, државни службеници, ученици, студенти и пензионери.
Група демонстранти во Париз во еден момент фрли камења и остри предмети на припадниците на безбедносните сили. Полицијата на нападите возврати со употреба на солзавец и палци, при што се повредени две, а приведени четири лица.
Според наводите на полицијата, на протестите во Париз учествувале околу 11.500 лица, а според организаторите околу 50.0000 лица.
Во рамките на протестите во кампус на парискиот Сорбона универзитет околу 20 студенти во утринските саати ги блокирале влезовите на универзитетот. Слични протести се одржани и во градовите Рен, Лион, Монпелје.
Филипте Мартинез, генералниот секретар CGT, ги критикуваше реформите кои ги спроведува актуелната власт, тврдејќи дека претседателот Макрон не го познава доволно деловниот свет.
Потсетуваме, во Франција во последно време се одржани бројни протести против владината политика и одлуките кои ги донесува. На протестите и штрајковите во мај и јуни учествуваа милиони луѓе.