Zehra Ulucak
10 Октомври 2018•Ажурирај: 11 Октомври 2018
ЛАКНАУ (АА) - Во железничката несреќа во Индија, при излетувањето на брз воз од шините, според првичните информации, животот го загубиле 5 лица, а 35 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата во индиската држава Утар Прадеш, О.П. Синг, информираше дека на 80 километри југозападно од градот Лакнау, на една железничка станица во подрачјето Раибарели, железничка локомотива и 5 вагони излетале од шините.
Според првичните информации, во несреќата што се случи во раните утрински часови животот го загубиле 5 лица, а 35 се повредени.
Синг информираше дека повредените лица со автобуси се пренесени во безбедни подрачја.
Засега не се знае причината поради која дошло до несреќата што се случила во моментот кога возот влегувал во станицата.
Некои локални извори информираат дека бројот на загинати изнесува 7.