Yusuf Özcan
14 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
ПАРИЗ
Повеќе илјади луѓе во Париз и во уште неколку градови во Франција излегоа на улиците за да демонстрираат против расизмот и полициското насилство. На протестите во главниот град се приведени 26 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
И покрај забраната за собирање на кои повика Колективот за правда за Адам, демонстрантите се собраа на плоштадот Република во Париз и демонстрираа против расизмот и полициското насилство.
На протестите е побарана правда за 24-годишниот Афроамериканец Адам Траоре, кој страдаше во полициско возило во текот на протестите во 2016 година. Демонстрантите истакнаа транспаренти со пораките „Правда за Адам”, „Полицијата е убиец”, „Не за полициско насилство”, „Нема правда, нема мир”.
Сестрата на Адам, Аса Траоре во текот на протестите рече дека го осудува насилството во кое загина нејзиниот брат.
„Мојот брат како и Џорџ Флојд рече “не можам да дишам” ", потсети Траоре.
Полицијата не им дозволуваше на демонстрантите да го напуштат Плоштадот Република ниту да шетаат кон Плоштадот Опера. Во текот на протестите дојде и до краткотраен суди. Полицијата користеше солзавец, а демонстрантите вандализираа еден објект.
Полициската управа во Париз соопшти дека на демонстрациите во тој град се приведени 26 лица. Се верува дека на демонстрациите во Париз присуствуваа околу 15.000 лица, а и на протестите во Лион дојде до судири на полицијата и демонстрантите.
Протести се одржани и во Марсеј и во Гренобл, а преземени се високи безбедносни мерки.
Во обдуцискиот извештај, кој е објавен на барање на семејството на Адам Траоре, се наведува дека црномурното момче било задавено при полициска интервенција.
Траоре е убиен на 19 јули во 2016 година во полициски автомобил за време на негово пренесување до полициската станица, бидејќи за време на идентификациската контрола дошло до напнатост.
Според првичните извештаи, на Адама му се слошило и интервенирала екипата за брза помош.
Меѓутоа, подоцна е утврдено дека Траоре починал и пред интервенцијата на лекарите.
Иако не е подигната истрага против агенциите за спроведување на законот кои биле вклучени во инцидентот, не дошло до правосудна постапка. По неговата смрт се случија голем број протести.