Ömer Aydın
23 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
РЕН (АА) - Избувна пожар во студентски дом во близина на градот Рен, западна Франција, во кој се повредени 27 студенти. Четворица од нив се тешко повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на локалниот весник Ouest-France (Вест Франс), синоќа избувна пожар во студентскиот дом кој се наоѓа во кампусот на „Супелек“ (факултет за електроника) во населбата Сесон-Севињ во францискиот град Рен.
Дваесет и седум студенти се повредени во пожарот кој започнал на првиот кат, а потоа за кратко време се проширил и на сите други катови.
Во тешка состојба се четворица студенти од 27-те повредени кои се лекуваат во болниците во Рен и во околните болници.
Според соопштеното, во студентскиот дом престојувале 53 студенти, и голем број од нив скокнале од прозорците за време на пожарот.
Сѐ уште нема официјална информација за причината на пожарот.