Ahmet Furkan Mercan
04 Октомври 2021•Ажурирај: 05 Октомври 2021
ТОКИО
На седницата одржана во Претставничкиот дом, долниот дом на јапонскиот парламент, членовите се собраа за да го изберат новиот премиер на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Фумио Кишида стана 100-от премиер на Јапонија со освојување на 311 глас од 465 пратеници во Претставничкиот дом, во кој мнозинство има неговата Либерално-демократската партија (ЛДП) и нивниот партнер Комеито.
Претходно се одржаа изборите за нов лидер на ЛДП, на кој учествуваа четири кандидати, од кои две жени: Санае Такаичи, поранешна министерка за комуникации и Сеико Нода, вршителка на должноста генерален секретар на партијата.
По првиот круг беа елиминирани кандидатките Такаичи и Нода, а во вториот круг Кишида беше избран за лидер на партијата победувајќи го актуелниот министер за вакцинација Таро Коно.
Кишида ќе ја извршува функцијата премиер до редовните парламентарни избори закажани за 31 октомври 2021 година.