Mehmet Alaca
13 Јули 2022•Ажурирај: 14 Јули 2022
ПОРТ-О-ПРЕНС (АА) - Десетици луѓе се убиени во судирите меѓу бандите кои траат со денови во регионот Сит Солеил, во главниот град Порт-о-Пренс, Хаити, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Жан Хислаин Фредерик, заменик-градоначалникот на Сит Солеил, истакна дека судирите меѓу двете ривалски банди започнале на 8 јули.
Фредерик нагласи дека во судирите загинале најмалку 50 луѓе, а повеќе од 50 се ранети.
Локалните власти информираат дека продолжуваат судирите меѓу две ривалски банди познати како Г9 и Г-пеп.
Тековниот бран на насилство во регионот започна еден ден по годишнината од убиството на 53-годишниот претседател на Хаити, Жовенел Моис, на 7 јули 2021 година.
Откако беше убиен Моис, бандите се борат да ја преземат контролата на областите во земјата.
Од друга страна, меѓународната хуманитарна невладина организација „Лекари без граници“ соопшти дека илјадници луѓе се лишени од вода за пиење, храна и медицинска нега поради тековните судири во Сит Солеил.
Барајќи поддршка од други хуманитарни организации поради кризата во регионот, „Лекари без граници“ упати повик до бандите да ги ослободат цивилите.
- Илјадници луѓе ги напуштија своите домови
Интегрираната канцеларија на Обединетите нации во Хаити (BINUH), соопшти дека 16.500 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови поради зголеменото насилство во земјата од 2021 година.
Според Центарот за анализа и истражување за човековите права на Хаити (CARDH), над 20.000 луѓе ги напуштат своите домови поради насилство. Од друга страна, во периодот април - јуни оваа година, 326 лица се киднапирани во различни делови на земјата.
Бандите во Хаити продолжуваат да се активни, и покрај операциите на безбедносните сили.
Безбедносните проблеми во Хаити се влошија по смртта на претседателот Жовенел Моис на 7 јули 2021 година, по нападот што вооружени лица го изведоа врз неговиот дом.