Mücahit Aydemir
24 Ноември 2023•Ажурирај: 26 Ноември 2023
КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Вкупно 13 израелски затвореници од Појасот Газа беа предадени на египетската страна преку граничниот премин Рафа за да бидат префрлени во Израел, пренесува Анадолу.
Како што јави израелската државна телевизија КАН, организацијата на Црвениот крст на египетските власти им предала 13 израелски заробеници, кои денеска беа ослободени како дел од договорот за хуманитарна пауза во судирите постигнат меѓу Хамас и Израел.
Предавањето на заробениците го извршија претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Заробениците со возила на итната помош биле однесени од Хан Јунис во јужниот дел на Газа до граничниот премин Рафа на египетската граница.
Договорот за четиридневна хуманитарна пауза во борбите меѓу Израел и Хамас стапи на сила утрово (24 ноември).
Според договорот, 150 Палестинци во израелските затвори ќе бидат ослободени во замена за 50 израелски заробеници кои ги држи Хамас.