Abdullah Aşıran
07 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
АМСТЕРДАМ (АА) - Коалициската владата под водство на премиерот Марк Руте во Холандија составена од четири партии, го изгуби мнозинството во Парламентот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во вестите на холандските медиуми се наведува дека Вибрен ван Хага, поранешен пратеник на Народната партија за слобода и демократија (VVD) под водство на Руте, кој пред две недели беше исклучен од партијата, денес донесе одлука дека ќе продолжи дејствува како независен.
Според тоа, коалициските партнери VVD, Христијанска демократска унија (CDA), Демократи 66 (D66) Сојузната христијанска партија (CU), кои имаат 76 пратенички места во Парламентот кој брои 120 пратеници, со оваа одлука на Вибрен ван Хага изгубија пратеничко место, односно сега поседуваат 75 пратенички места.
Коалициската влада со цел да поседува мнозинство, потребно е да постигне усогласување со уште една партија.
Партијата VVD пред две недели го исклучи од партија ван Хага со образложение дека ги прекршувал договорите кои ги постигнале за трговските активности.