Selman Aksünger
20 Август 2022•Ажурирај: 22 Август 2022
Во раните утрински часови подметнат е пожар во една џамија во Велдховен, што се наоѓа во близина на холандскиот град Ајндховен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на противпожарната служба се вели дека службите интервенирале врз пожарот и дека за еден час пожарот бил ставен под контрола.
Според веста на новинската агенција НОС, полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат.
Во веста се наведува дека пожарот избувнал околу 2:30 часот и дека е предизвикана голема штета во објектот.
Исто така, во оваа вест се објавени и изјавите на очевидците.
Полицијата започна истрага во врска со случајот.
Според веста, џамијата именувана како „Ислампланинг“ во јуни се преселила во Велдховен и се соочила со реакции од жителите.
Во овие рамки била започната и онлајн кампања против преселувањето на џамијата во Велдховен.