Tuğrul Çam
13 Август 2018•Ажурирај: 14 Август 2018
АНКАРА (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, денеска во Анкара изјави дека неговата земја очекува приврзаност на Соединетите Американски Држави (САД) кон традиционално пријателските односи и сојузништво во НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција очекува приврзаност на САД кон традицонално пријателските односи и сојузништво во НАТО“, рече Чавушоглу во обраќањето пред амбасадорите на Турција во светот кои се собраа на редовниот годишен состанок во Анкара.
Чавушоглу рече дека Турција е меѓу најповолните земји за инвестирање и покрај сите кампањи и операции против неа.
Говорејќи за дополнителното американско оданочување на некои производи од Турција, Чавушоглу рече дека Турција нема да прифати никакви наметнувања.
„Турција е за дипломатија и договор, наметнувања не прифаќаме“, рече шефот на турската дипломатија.