Zehra Ulucak
13 Август 2018•Ажурирај: 15 Август 2018
АНКАРА (AA) – Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, во септември во Пјонгјанг ќе се состане со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Јонхап“ јави дека високите функцонери на двете земји денеска се состанаа во Панмунџом по што е кажано дека е договорено самитот да се одржи во септември во Пјонгјанг.
Кажано е и дека на состанокот разговарале и за примена на Декларацијата од Панмунџом, постигната во текот на средбата на двајцата лидери во април.
Точниот датум за одржување на самитот во септември сè уште не е познат.
Претседателот на Јужна Кореја, Мун, и севернокорејскиот лидер, Ким, на 27 април се состанаа во Панмунџом, во близина на границите на двете земји. Тогаш е постигнат договор да започнат преговори за да биде постигнат траен мировен договор и потполна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Мун и Ким потоа се состанаа и на 26 мај и разговараа за мировниот процес помеѓу двете земји.
Доколку во септември се одржи нов самит, тоа ќе биде трета тет-а-тет средба на двајцата лидери.