Ekipa
25 Април 2022•Ажурирај: 26 Април 2022
ЛОНДОН (АА) - Четири лица се избодени до смрт во напад што се случи во јужен Лондон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Метрополитенската полиција била известена за проблеми на имот на Делафорд Роуд, во близина на железничката станица Саут Бермондси. Полицијата насилно влегла во домот и затекнала четири лица со убодни рани.
Тие биле пренесени во болница, каде што медицинскиот персонал од итната помош констатирал смрт по пристигнувањето.
Подоцна, осомничениот за злосторството е приведен и одведен во полициска станица во јужен Лондон.
Метрополитенската полиција започна истрага за околностите околу убиствата, а најблиските на жртвите се информирани за нивната смрт.