Sinan Doğan
01 Декември 2021•Ажурирај: 02 Декември 2021
БОГОТА
Турските одбранбени компании СТМ, „Аселсан“, МКЕ и „Отокар“ се меѓу учесниците на „Експодефенса 2021“, еден од најголемите саеми за одбранбена индустрија во Латинска Америка и Карибите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тридневната изложба во Богота, која трае од 29 ноември до 1 декември, е организирана во соработка со Министерството за одбрана на Колумбија.
Нејзината цел е „да им помогне на владите и вооружените сили да се соочат со нивните оперативни предизвици и способности додека играат улога во изградбата на побезбедна Латинска Америка“.
Меѓународните изложувачи ги презентираат своите системи и производи за да одговорат на растечката регионална побарувачка. Првото издание на „Експодефенса“ се одржа во 2009 година.
Во претходна изјава, СТМ рече дека на саемот ќе ги промовира своите воени поморски проекти, како и тактичките мини УАВ-системи.
Колумбискиот министер за одбрана, Диего Молано Апонте, го посети штандот на СТМ на настанот и беше информиран за тековните проекти.