Melike Pala
27 Јули 2026•Ажурирано: 27 Јули 2026
Чешката полиција истражува дојава за поставена бомба на околу 400 локации низ земјата, вклучувајќи владини институции, трговски центри и други јавни објекти, денес „Радио Прага интернешнал“, пренесува Анадолу.
Од полицијата соопштија дека службениците стапуваат во контакт со раководителите на наведените локации и вршат претреси додека објектите остануваат отворени.
Властите во моментов ја оценуваат заканата како ризик од низок степен, но ги повикаа сите организации што го добиле предупредувањето, а сè уште не ја известиле полицијата, веднаш да се јават на дежурниот број за итни случаи.
Официјалните лица сè уште не откриваат дополнителни детали за природата или изворот на заканата, повикувајќи се на истрагата што е во тек.