Nilay Kar
17 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
СТОКХОЛМ (АА) - Шведски политичар од крајната десница, претставник на антиимигрантска партија, предложи да се изгради џамија и културен центар, со цел привлекување повеќе имигранти во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Марк Колин од екстремно десничарската Демократска партија на Шведска, рече дека смета оти на Шведска ѝ требаат имигранти, со цел да го спречат намалувањето на популацијата во градот, јави медиумот „The Local Sweden“.
Колин предложи да се изгради џамија и културен центар во градот Крамфорс, во округот Вастернорланд, во Северна Шведска.
„Мојата мисла е дека доколку имаме џамија и културен центар, тогаш ги поттикнуваме муслиманите да бидат одговорни за нашиот град и областа тука.“
„Група која е мобилна во Шведска е имигрантската заедница, која е многу ориентирана кон бизнис-можностите, а тоа е она што ни треба“, додава тој.
„Градот Крамфорс губи 100 жители годишно“, рече Колинс, „додека Вастернорланд како целина губи околу 500 жители годишно.“