Atila Altuntaş
10 Март 2022•Ажурирај: 11 Март 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Шведскиот министер за одбрана, Петер Хултквист, изјави дека неговата земја нема да влезе во НАТО сѐ додека е тој министер за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хултквист за шведската државна телевизија СВТ изјави дека исто така и во ноември минатата година изјавил дека Шведска „никогаш“ нема да стане членка на НАТО сѐ додека е тој министер за одбрана.
„И сега го имам истото мислење. Истото го кажувам и сега, но без да го користам зборот „никогаш“. Ситуацијата во која се најдовме ме научи да не го користам зборот „никогаш““, рече тој.
Тој нагласи дека Шведска не планира членство во НАТО заради безбедноста на блиските региони.
„Членството на Шведска во НАТО би значело фундаментална промена во безбедносниот концепт. Тоа би влијаело на безбедноста на нашиот близок регион“, рече Хултквист.
Хултквист соопшти дека Шведска ќе одвои најмногу средства во историјата за воената одбрана, додавајќи дека ќе одвои 2 отсто од бруто-домашниот производ (БДП) за одбраната.
Според СВТ, Шведска минатата година издвоила 6,5 милијарди долари за воена одбрана.
Планирано е по руско-украинската војна средствата за одбраната во Шведска да се зголемат на 11 милијарди долари.