Atila Altuntaş
04 Октомври 2023•Ажурирај: 05 Октомври 2023
СТОКХОЛМ (АА) - Шведскиот премиер Улф Кристерсон вчера изјави дека не може да каже дали приемот на неговата земја во НАТО ќе биде одобрен од турскиот Парламент овој месец, јавува Анадолу.
„Не можам да ветам дека нашето членство во НАТО ќе биде одобрено во октомври. Оваа одлука ѝ припаѓа на Туркије, Туркије ги носи своите одлуки“, изјави тој за новинарите.
Кристерсон рече дека Стокхолм и Анкара се согласиле дека процесот за одобрување на членството на Шведска ќе биде испратен до турскиот Парламент „што е можно поскоро“ по отворањето на новата законодавна година на Парламентот.
„Сега Парламентот е отворен. Мислам дека е време да се ратификува членството на Шведска во НАТО“, рече тој.