Beyza Binnur Dönmez
22 Јули 2022•Ажурирај: 23 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Русија наскоро „ќе ја изгуби силата“ во Украина, со што ќе ѝ даде шанса на војската на Киев да возврати, рече шефот на британската Агенција за надворешно разузнавање МИ6, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи на Форумот за безбедност во Аспен во четвртокот, Ричард Мур рече дека руските војници ќе се соочат со проблеми во снабдувањето и во логистиката во наредните недели.
„На Русите ќе им биде сѐ потешко да се снабдат со жива сила и материјал во наредните неколку недели“, рече тој. „Тие ќе мора да направат пауза на некој начин и тоа ќе им даде можност на Украинците да возвратат.“
„Забележувајќи дека Русија направила „мал напредок од неколку милји“ во изминатите недели, тој рече: „Кога ќе заземат град, не останува ништо од него... тој е збришан, затоа мислам дека тие наскоро ќе изгубат сила.“
Запрашан околу шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин е болен, шефот на разузнавањето рече дека „нема докази“ дека тој има сериозни здравствени проблеми.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), во Украина од почетокот на војната на 24 февруари загинале над 5.100 цивили, додека над 15 милиони луѓе ги напуштиле своите домови, од кои повеќе од 9,5 милиони избегале во други земји.