Ekipa
25 Јануари 2023•Ажурирај: 26 Јануари 2023
БЕРЛИН (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ги осуди руските нуклеарни закани по изјавите на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој ја предупреди западната Воена алијанса дека поразот на Москва во Украина може да предизвика нуклеарна војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ризикот од користење нуклеарно оружје е низок. Но, руската нуклеарна реторика е крајно неодговорна. Тоа е опасно. Русија треба да знае дека нуклеарна војна никогаш не може да се добие и затоа никогаш не треба да се води“, рече Столтенберг во интервју за дневниот весник ВЕЛТ (WELT).
„Се разбира, ние внимателно гледаме што прави Русија. Да беше така, секако ќе реагиравме. Но, дури и да дозволиме Русија да нѐ уценува со оваа реторика, светот ќе стане многу поопасен. Тогаш Русија ќе продолжи да излегува со оваа нуклеарна закана кога сака да постигне нешто“, додаде тој.
Откако Русија ја нападна Украина пред речиси една година на 24 февруари, Медведев постојано ги нагласуваше заканите од нуклеарен напад.
„Поразот на нуклеарна сила во конвенционална војна може да предизвика нуклеарна војна“, истакна Медведев, кој ја извршува функцијата заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, на Телеграм.
„Нуклеарните сили никогаш не изгубиле големи конфликти од кои зависела нивната судбина“, рече Медведев, кој беше претседател на Русија во периодот од 2008 до 2012 година.
Кремљ брзо ги поддржа коментарите на Медведев, велејќи дека тие се во целосна согласност со принципите на Москва.
Доктрината на Москва дозволува нуклеарен напад по „агресија врз Руската Федерација со конвенционално оружје кога е загрозено самото постоење на државата“.