Muhammed Semiz
03 Април 2021•Ажурирај: 04 Април 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Ферхан, истакна дека нормализацијата на позицијата на Израел во регионот ќе биде од корист за целиот регион од економски, социјален и безбедносен аспект, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тој во изјава за „Си-ен-ен“ (CNN) нагласи дека не знае дали неговата земја во блиска иднина ќе постигне договор со Израел.
Според него, нормализацијата на позицијата на Израел во регионот ќе биде многу корисна.
„Нормализацијата ќе биде многу корисна за целиот регион од економски, социјален и безбедносен аспект“, рече тој.
Бин Ферхан истакна дека не е можно нормализацијата да биде успешна во регионот доколку не се реши палестинското прашање и доколку не се формира палестинска држава во рамките на границите од 1967 година.
Како што рече тој, Саудиска Арабија и претходно во рамки на Арапската иницијатива за мир дала ветување за нормализација на односите со Израел во случај да се формира палестинска држава во рамките на границите од 1967 година, со главен град Источен Кудс (Ерусалим).