Mehmet Şah Yılmaz
23 Ноември 2026•Ажурирано: 23 Ноември 2026
Турскиот министер за надворешни работи разговараше за најновите регионални случувања со египетскиот и саудискиот колеги, како и со премиерот на Курдската регионална влада (КРВ) во Ирак, во одделни телефонски разговори, соопштија денес дипломатски извори, јавува Анадолу.
Хакан Фидан разговарал со шефот на египетската дипломатија Бадр Абделати, со саудискиот министер за надворешни работи Фејсал бин Фархан и со премиерот на Курдската регионална влада, Масрур Барзани, според извори од турското Министерство за надворешни работи.
Разговорите биле посветени на најновите случувања во регионот, додадоа изворите.