Erbil Başay
22 Април 2024•Ажурирај: 23 Април 2024
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Анадолу.
Според изјавата на портпаролот на германската Влада, Штефен Хебестрајт, Нетанјаху детално го информирал Шолц за ситуацијата во регионот на Блискиот Исток.
Притоа Шолц нагласил дека е важно да се спречи понатамошна ескалација на тензиите и ширење на насилството во регионот.
Германскиот канцелар, исто така, во обраќањето во Европскиот совет по повод одлуката на шефовите на владите и земјите членки на Европската Унија (ЕУ) да воведат дополнителни санкции на Иран, порачал дека германската Влада и понатаму ќе биде во блиска координација со земјите од Г7 и членките на ЕУ.
Тензиите низ Блискиот Исток се зголемија откако Израел, обвинет за геноцид, започна смртоносни напади врз Појасот Газа, во кои од 7 октомври досега загинаа повеќе од 34.000 Палестинци.