?kipa
13 Јули 2017•Ажурирај: 14 Јули 2017
ПАМПЛОНА (АА) - Шпански официјални лица соопштија дека на седмиот ден од Фестивалот Сан Фермино, во трката со бикови се повредени шест лица, а од нив двајца учесници во трката биле прободени од биковите, јавува Anadolu Agency (AA).
Докторот Џон Аризета од болницата Навара изјави дека денес две лица се прободени во пределот на бутот, а двајца се здобиле со контузии и повреди на главата.
Вчерашната улична трка во должина од 850 метри, траеше две минути и 40 секунди, и е една од најбрзите досега.
Од почетокот на трката со бикови прободени се пет лица, четворица американски и еден шпански државјанин. Поголемиот дел од лицата се повредени откако паднале бегајќи од биковите.
За време на трката, стотици лица ја тестираат својата храброст и брзина така што на улиците на Памплона трчаат пред шест разјарени бикови.
Фестивалот Сан Фермино, кој трае девет дена, стана светски познат благодарение на романот на нобеловецот Ернест Хемингвеј „Сонцето одново се раѓа“ од 1926 година.