Şenhan Bolelli
06 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
ПАМПЛОНА (АА) - Во шпанскиот град Памплона започна фестивалот Сан Фермин, светски позната културна манифестација, најпозната по уличната трка со бикови, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот кој секоја година се одржува во Памплона, во шпанската авотномна покраина Невара, започна традиционално со испукување на ракета „chupinazo” од балконот на зградата на општината.
Сан Фермин има традиција чии корени потекнуваат од средниот век, а и денес улиците на Памплона беа преполни со луѓе. Се проценува дека илјадници луѓе присуствувале на отварањето на Фестивалот, уживајќи во сето она што фестивалот го нуди.
Оваа година отварањето на Фестивалот било малку поразлично во однос на предходните години бидејќи ракетата од зградата на општината ја испукал еден од граѓаните, а не градоначалникот, каков што бил обичајот во претходните години.
Таа чест му припаднала на 85-годишниот Јесус Лундаини Зарагуети. За време на испукувањето на ракетата, некој од присутните истакнал и транспарент на кој пишувало „Бегалци, добредојдовте”.
За време на деветдневниот Фестивал ќе бидат одржани 410 различни културни настани за кои се одвоени од буџетот два милиони евра.
Памплона е град во кој живеат 196.000 жители, а за време на Фестивалот во градот доаѓаат околу два милиони гости. Најмногу гости доаѓаат од Германија, Португалија, Франција и Италија.
И овогодинешнот Фестивал во Памплона привлече големо медиумско внимание па за следењето на манифестацијата акредитирале над 400 новинари во име на 115 медиумски куќи од 12 земји.
Фестивалот ќе трае до 14-ти јуни, а ќе го обезбедуваат 3.450 полицајци.