Şenhan Bolelli
09 Март 2023•Ажурирај: 10 Март 2023
МАДРИД (АА) - Најмалку тројца рудари загинаа во рударска несреќа што се случи на длабочина од 900 метри во рудник за поташа во подрачјето на Сурија, што се наоѓа во шпанскиот град Барселона, пренесува Анадолу.
Според информациите добиени од полициските и противпожарни служби при автономната управа на Каталонија, во рудникот за поташа на компанијата „ICL İberia“ се случи уривање околу 9:00 часот по локално време.
Се истакнува дека во несреќата загинале најмалку тројца рудари кои биле заглавени во рудникот.
На местото на настанот се упатени бројни полициски, противпожарни и медицински екипи.
Исто така, започната е операција за спасување на лицата кои се заглавени под земја.
Претседателот на автономната управа на Каталонија, Пере Арагонес, упати сочувство до семејствата на загинатите во несреќата, нагласувајќи дека службите од министерствата за внатрешни работи и труд веднаш се упатиле на местото на настанот.
Во истиот рудник во 2013 година се случи несреќа, при што загинаа две лица.
Се вели дека оваа несреќа во Сурија е најголемата несреќа што се случила во последните години во рудниците во Каталонија.