Yusuf Hatip,Yusuf Özcan
05 Декември 2019•Ажурирај: 06 Декември 2019
ПАРИЗ
Десетици илјади луѓе во Франција кои протестираат против реформите во пензионирањето донесен од страна на администрацијата на претседателот Емануел Макрон го парализираа животот низ целата земја, а настанаа и судири помеѓу полицијата и демонстрантите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите, освен во главниот град Париз, се собраа во многу градови во земјата. Првиот судир меѓу демонстрантите и полицијата се случи во Лион.
На демонстрациите во градот Нант, на кои присуствуваа 20 илјади луѓе, полицијата интервенираше со солзавец. Тензии меѓу полицијата и демонстрантите се случи и во градот Рен.
- Во Париз преземени вонредни безбедносни мерки
Во Париз, главниот град, полицијата презеде безбедносни мерки околу Претседателската палата. Во главниот град за безбедноста се грижат 6.000 полицајци, од кои 180 се моторизирани.
Активисти собрани на железничката станица „Гар ду Норд“ во Париз ќе маршираат до плоштадот „Насион“.
Извори од полицијата соопштија дека досега се приведени 18 лица.
Поради демонстрациите на кои учествуваат и „Жолтите елеци“, затворена е Ајфеловата кула која е симбол на земјата, а исто така откажани се и поголемиот број релации на брзиот воз.
Според локалните медиуми, околу 80 проценти од наставниците во основното и средното образование во Париз не се појавиле на настава.
- Реакција за пензиските реформи
По демонстрациите на „Жолтите елеци“, голем број работници од различни сектори започнаа штрајк на неопределено време низ целата земја за да реагираат на пензиската реформа подготвена од администрацијата на Макрон.
Реформата предвидува отстранување на разликата и привилегиите при пензионирањето на државните службеници и работниците и постепено зголемување на возраста за пензија од 62 на 64 години. Се очекува овие реформи негативно да влијаат на десетици сектори.