Gökhan Kurtaran
08 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
ЛОНДОН (АА) - Институтот за финансиски истражувања во Велика Британија (IFS) соопшти дека излегување без договор од Европската Унија (ЕУ) може јавниот долг на Велика Британија да го подигне на највисоко ниво во последните 50 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Институтот за финансиски истражувања се истакнува дека со излегување од Европската Унија (ЕУ) без договор, потребата на јавното задолжување на земјата може да се искачи на 100 милијарди фунти годишно, што е еднакво на 90 проценти од националниот доход.
Исто така, во соопштението се посочува дека излегување без договор од Европската Унија (ЕУ) може јавниот долг на Велика Британија да го подигне на највисоко ниво во последните 50 години.
„Британската Влада во моментот нема финансиско сидро, оди таму каде што дува ветрот. Ако се излезе од Европската Унија без договор, за да се поддржи економијата, може многу внимателно да се оди на привремени намалувања на даноците“, нагласи директорот на Институтот за финансиски истражувања во Велика Британија, Пол Џонсон.
Главниот економист на „Ситибанк“ (Citibank), Кристијан Шулц, исто така рече дека британската економија сега е 60 милијарди фунти помала од предвидувањата пред референдумот.
Во моментов, годишниот јавен долг на Велика Британија е околу 80 проценти од нејзиниот национален приход.