Ekipa
21 Септември 2022•Ажурирај: 22 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Маж се самозапали во јапонската престолнина Токио протестирајќи против одлуката на Владата следната недела да одржи државен погреб на убиениот поранешен премиер Шинзо Абе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Новинската агенција „Кјодо“ јавува дека инцидентот се случил во близина на Кабинетот на јапонскиот премиер, а полицијата, мажот кој бил во свесна состојба, го пренела во болница.
Полицијата соопшти дека на местото на инцидентот пронашла и белешка во која лицето напишало дека силно се противи на државниот погреб закажан за следниот вторник.
Абе беше убиен во јули за време на предизборниот говор во западниот град Нара.