Gamze Türkoğlu Oğuz
20 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
ТОКИО (АА) - По сообраќајната несреќа со смртен исход во Јапонија, на американските воени службеници во Јапонија им е забрането да купуваат и да конзумираат алкохол, пренесува Anadolu Agency (AA).
Маринецот Николас Џејмс-Меклин (21) во алкохолизирана состојба учествуваше во сообраќајна несреќа во јужниот дел на Окинава во којашто настрада 61-годишниот Хидемаса Таирa.
Во соопштението на американската војска се наведува дека на американските војници им е забрането да купуваат и да конзумираат алкохол во Јапонија, а на војниците кои се наоѓаат во Окинава им е забрането да ја напуштат базата, сѐ додека не се се добие друга наредба.
Џејмс-Меклин е приведен вчера, а извршените тестови покажаа дека маринецот, кој во несреќата се здоби со полесни повреди, имал трипати поголема количина на алкохол во крвта од дозволеното.