Riyaz Khaliq Khaliq
05 Декември 2022•Ажурирај: 06 Декември 2022
ТОКИО (АА) – Јапонија размислува да го зголеми бројот на одбранбени единици во следната деценија поради променливата геополитичка ситуација во азиско-пацифичкиот регион, според нацрт-планот на јапонската Влада, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Јапонија размислува за речиси тројно зголемување на бројот на единиците во своите сили за самоодбрана опремени со капацитети за пресретнување на балистички проектили на оддалечените југозападни острови на земјата до крајот на фискалната 2031 година“, објави денес јапонската новинска агенција „Кјодо њуз“.
Шест од седумте единици што се надградуваат ќе бидат лоцирани во јужната префектура Окинава, а една ќе биде распоредена на островот Амами-Ошима во југозападната префектура Кагошима.
Вкупно 14 единици земја-воздух низ Јапонија ќе имаат способност за пресретнување на проектили, се наведува во нацрт-планот.
Токио, исто така, би можел да ги ажурира насоките за Националната одбранбена програма, 10-годишна политика за развој на одбраната, до крајот на 2022 година.
„Јапонија планира да го зголеми бројот на единици за одбрана од балистички проектили СДФ (самоодбранбени сили) на островите Нансеи, што се протегаат југозападно од Кјушу кон Тајван на 11 од сегашните четири до фискалната година што завршува во март 2032 година“, покажува нацрт-планот.
Одлуката следуваше по зголемените тензии меѓу Кина и САД и нивните сојузници во регионот, додека Вашингтон се обидува да го спречи растечкото воено и економско влијание на Пекинг.