Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
АНКАРА (АА) - Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, истакна дека Олимписките игри во Токио 2020 година можеби ќе треба да бидат одложени поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информативната агенција „Кјодо“, премиерот Абе во своето обраќање на парламентарната седница истакнал дека Јапонија има за цел да ја организира оваа голема спортска манифестација, но доколку е тешко тоа да се организира, давајќи приоритет на здравјето на спортистите, Олимписките игри ќе мора да се одложат.
Абе, наведувајќи дека Меѓународниот олимписки комитет (IOC) ќе донесе конечна одлука за ова прашање, рече дека продолжуваат со ставот дека одложувањето не е меѓу опциите.
Во меѓувреме, Олимпискиот комитет на Канада соопшти дека нема да испрати спортисти на Олимписките игри во Токио доколку не се одложат за една година.
Во соопштението од Комитетот се наведува дека сакаат да помогнат во барањето алтернативни решенија на Меѓународниот олимписки комитет (IOC), но спортистите, нивните семејства и пошироката заедница се на мислење дека не е безбедно да се продолжат подготовките за Олимписките игри.
„Тоа дури е во спротивност со советите за јавно здравство што им ги препорачавме на сите граѓани на Канада“, се нагласува во соопштението.
Меѓународниот олимписки комитет (IOC) во изјавата дадена вчера истакна дека е одржана видеоконференција за иднината на Олимписките игри во Токио 2020 година поради појавата на Ковид-19 и дека на состанокот се разговарало за одложување на игрите што треба да започнат на 24 јули и за промени во содржината на организацијата.
Од друга страна, во изјавата беше потенцирано дека Олимпијадата нема да биде откажана, а одлуката дали ќе се одложат игрите ќе биде донесена во рок од 4 недели во зависност од промената на текот на епидемијата и од здравјето на спортистите.