Ayşe Sümeyra Aydoğdu,Muhammed es-Samii
05 Март 2016•Ажурирај: 06 Март 2016
САНА (АА) - Најмалку 20 припадници на бунтовничкото движење на Хусите загинаа при воздушните напади изведени на подрачјето на јеменскиот град Ел-Чефта, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападите ги изведоа воените авиони на коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија. Според изворите од редовите на силите на Народниот отпор (HDG), во воздушните напади загинаа 20 Хуси а уништени се и воени возила на нивното движење.
Јемен е средиште на политичка криза и нестабилност уште од револуцијата во 2011 година. Кризата ескалираше во септември 2014 година кога бунтовниците го зазедоа главниот град Сана. Во март минатата година коалицијата предводена од Саудиска Арабија започна со изведување на воздушни напади врз бунтовничките позиции.
Судирите меѓу силите лојални на претседателот Хади и бунтовничките групи на Хусите траат во поголемиот дел од регионите во таа земја.