Mahmoud Mohamed Barakat
30 Декември 2020•Ажурирај: 01 Јануари 2021
АДЕН (АА) - Три експлозии го потресоа аеродромот во Аден на југот од земјата во времето на пристигнувањето на новоформираната јеменска Влада во привремениот главен град, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Владин извор, кој сакаше да остане анонимен, рече дека една од експлозиите најверојатно се случила во салата за прием на ВИП истовремено кога авионот, кој превезувал членови на новата Влада, слетал на аеродромот.
Изворот истакна дека експлозиите се случиле пред членовите на Владата да излезат од авионот, без да наведе никакви дополнителни детали.
Засега не се достапни информациите за причините за експлозиите, ниту дали има повредени или смртно настрадани.