Sinan Uslu
27 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, телефонски разговараше со премиерот на Ирак, Хајдар ал Абади, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на прес-службата на кабинетот на турскиот премиер, се вели дека за време на телефонскиот разговор, Јилдирим и Абади разговарале околу билатералните односи.
Исто така, беше укажана важноста на блиската соработка со соседната и пријателска земја Ирак во борбата против тероризмот.
За време на разговорот беше истакнато дека од Ирак, земја која постигна успех против терористичката организација ДЕАШ, се очекува, во рамките на добрососедските односи, да преземе потребни мерки и против терористичката организација ПКК.
Двајцата лидери истакнаа дека постои сериозен потенцијал за соработка меѓу двете земји во областа на енергетиката, како и во другите економски прашања.